Како да нарачаш?

УПАТСТВО ЗА НАРАЧУВАЊЕ 

Процесот на нарачување започнува со избор на производот кој сакате да го купите, избор на параметри (на пр. големина) и клик на копчето Add to cart. 
Во Shopping Card се наоѓаат сите производи кои сте ги одбрале. Оние за кои во меѓувреме сте одлучиле да не ги нарачате, едноставно исфрлете ги од кошничката со еден клик. На оваа страна можете да употребите код за попуст или ваучер, со чие внесување веднаш ќе добиете нова финална цена. Во моментот кога сте задоволни со содржината на кошничката, можете да прејдете на наредниот чекор во online купувањето со клик на Checkout. На страницата Checkout внимателно внесете ги сите потребни податоци, изберете го начинот на плаќање и завршете ја нарачката со клик на Continue to Pay.
Веднаш по нарачката ќе добиете потврда за нарачка на вашата e-mail адреса.


НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Со кредитна картичка – платежни картички на Visa, MasterCard или Maestro
  • Авансно – со пополнување на уплатница и направена уплата на шалтер во било која банка или пошта
  • По испорака - плаќање со готовина при преземање на пратката. Во овој случај shipping и billing aдресата мораат да бидат исти.

        
ИСПОРАКА

Рок на испорака
Испораката на територијата на Р. Македонија ја врши курирската служба EkoLogistic. Рокот за испорака е 1-3 работни дена. Порачките кои се пратени во петок и за време на викендите ќе бидат доставени во текот на наредната недела. Испораката е бесплатна за нарачки во вредност над 3000 ден. Цената на испорака на останататите пратки е 150 ден.

Преземање на пратката
Пратката пристигнува на адресата која сте ја внеле во полето Shipping Address во период од 8:30 до 16:30. Потребно е во тоа време на адресата да има присутна личност која ќе ја преземе пратката. Курирот, секоја пратка се обидува да ја врачи во два наврати. Доколку, не ве пронајде на адресата, курирот ќе ве повика на телефонскиот број кој сте го оставиле при креирање на порачката и ќе договори со вас нов термин за испорака. Доколку и вториот пат не Ве пронајде на адресата, пратката се враќа во просториите на Sheezick na reezick Online Store.

Цена на испорака
Во крајната цена на производот се вклучуваат поштенски трошоци во износ од 150 денари. Во случај на замена, трошоците за враќање на производите ги сноси купувачот.

 

РЕКЛАМАЦИЈА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Во случај на замена на производот заради промена на број или модел, трошоците за транспорт ги сноси купувачот. Исклучок се случаите кога купувачот ќе добие неисправен или погрешен артикл. Тогаш транспортот го покрива Sheezick na reezick.
Пред враќање на производот, купувачот треба да ја извести електронската продавница на Sheezick na reezick преку online формуларот Returns или на e-mail (store@sheezicknareezick.com). 
Sheezick na reezick го задржува правото да не ја прими рекламацијата, доколку производот се врати користен или оштетен.
Доколку имате било какви прашања, слободно контактирајте не' на store@sheezicknareezick.com.

SHEEZICK NA REEZICK © 2024. UKION SHOPS